Лазаров ја пропушта Франција

Filip-Lazarov-640x390

Поради повредата на препоните, која ја влече веќе одреден период, ракометарот на Вардар, Филип Лазаров, нема да биде во составот на македонската репрезентација на дуелот со Франција.

Селекторот Ивица Обрван потврди дека Филип Лазаров премиерата на Македонија на Европското првенство во Полска кое стартува утре, ќе ја следи од трибините, бидејќи сеуште во целосно ја нема залечено повредата која ја влече уште од вториот контролен натпревар со Словенија.

-Доколку нема некакви посериозни проблеми во текот на тренингот, Филип Лазаров е ракометарот што нема да настапи против Франција. Тој се мачи со повреда на препоните, а бидејќи натпреварот со Франција носи и низа жестоки дуели, решив да не се ризикува бидејќи може да дојде и до посериозна повреда, изјави Обрван.

Македонија во Полска отпатува со 17 ракометари, а според пропозициите, на право на настап на секој меч имаат 16 играчи. Обрван има право да направи три замени во тимот во текот на шампионатот, а по потреба во репрезентацијата може да се вклучат и играчите од поширокиот состав кои беа со црвено-жолтите на подготовките, односно кои отпаднаа од списокот по контролките со Црна Гора.

Македонија денес од 18 часот против Франција ќе го започне 4-тото учество на континенталните првенства. Во групата А, за противници ќе ги има и селекциите на Полска и Србија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.