Куновска за изјавата на Заев: “И по кревети почна да ни влегува човеков”

Поранешната пратеничка на СДСМ и актерка, Софија Куновска се огласи по вчерашната скандалозна изјава на премиерот Зоран Заев.

Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков, напиша таа на Фејсбук видно револтирана од речникот со кој се служи премиерот. Таа даде предлог да се воведе задолжителен здравствен преглед каде се проверува деловна способност за функционерите?

“Добро утро!

Добри сте?

Се беше јасно уште од времето на “жицата за алишта” а камо ли пак од времето на “мрчат”.
Само не сфатив дали “светел” по повод последнава квалификација.

Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков.

Останува нејасно само како се чувствуваат “големите демократи” во владата, собранието и партијата по повод овие интелектуални височини made by Zeta Zeta..

P.S. Важно !!! Ако нема, да се воведе задолжителен здравствен преглед каде се проверува деловна способност за функционерите?” – напиша Куновска на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.