Кој треба да ја плати сметката на првиот состанок? Овој пар влезе во жестока расправија околу тоа, а еве кој попушти (ВИДЕО)

Пар во емисијата „Прв состанок“ која се прикажува на една британска телевизија, започна бурна расправија на тема: Кој треба да ја плати вечерата на првиот состанок?

Тврдоглавата 23 годишна девојка Сесилија, инсистирала таа да ја плати сметката, но 26 годишното момче Вив не сакало да слушне з тоа. Тие двајца се препираа додека збунетата келнерка чекаше конечно да се регулира сметката.

На крајот, Вив издејствува да плати, иако Сесилија која цврсто стоеше на земја, додека другите прашуваа зошто едноставно не ја поделиле сметката.

-Не можам да верувам дека таа девојка крена толкава врева затоа што човекот сакаше да ја почести со вечера. Кавалерството очигледно е мртво, напиша еден корисник на Твитер.

Меѓутоа, имаше и интересни заклучоци.

-Мажот се понуди да плати сметка, дамата се навредува. Мажот дозволува дамата да плати сметка, дамата се навредува. Мажот не може да победи кога е во прашање плаќање на сметката, беше еден од коментарите.

Ги имаше и оние кои го фалеа потегот на Сесилија, но посебно предизвикаа негативните коментари.

-Сметам дека сум феминист, но Сесилија беше неподнослива. Плаќањето на сметката не треба да предизвикува дебати за еднаквоста на половите. Ја преполовиш сметката и се е решено, порача една гледачка.

Сесилија подоцна објасни дека се однесува независно бидејќи мажите не ја сфаќаат сериозно поради нејзиниот атрактивен изглед.

Што мислите кој треба да ја плати сметката на првиот состанок?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.