Концерт на пијано на Дани Жоговска во Прилеп

На 6 август 2019 /вторник/ во 20.00 ч. во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ концерт на пијано ќе одржи Дани Жоговска.

ПРОГРАМА

Податоци за Дани Жоговска

Дани Жоговска е родена во Скопје на 18.07.2002 год. Музичкото образование го започнува на шест годишна возраст во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”. Основното музичко образование го завршува во класата на проф.Огненка Герасимовска-Димитровска и запишува средно музичко образование каде ја завршува третата година во класата на проф.Огненка Герасимовска- Димитровска.

Има учествувано на голем број концерти во Р.Македонија ,новогодишни, завршни и по повод на патронатот на училиштето. Учествува и на концерти надвор од државата како Франција, Германија, Србија, Косово, Италија, Бугарија. Во 2018 година дава рецитал во Скопје и Кавадарци, и во Рим, Форли и Пезаро, Италија. Во 2019 година настапува со Македонска Филхармонија.

Добитник на голем број први и специјални награди на државните и меѓународните натпревари во Р.Македонија меѓу кои се издвојуваат I награда на “Интерфест”Битола, I награда на меѓународен натпревар во Гевгелија, I награда и добитник на награда за најдобро отсвирено македонско дело на меѓународен натпревар “Охридски бисери” во Охрид , Специјална награда на меѓународниот натпрвеар “Polyhimnia”, Специјална прва награда и победник на целиот меѓународен натпревар “Охрид,те сакам” и голем број награди на меѓународно ниво меќу кои се издвојуваат I награди на меѓународните натпревари “Петар Коњовиќ” и “Даворин Јенко” во Белград, I награда на меѓународен натпревар ” Vivapiano” во Софија, Прва награда на “Nikolai Rubinstein” во Париз , Втора награда на “Citta di San Dona di Piave” во Венеција , Laureat и победник на целиот натпревар и добитник на главна награда на меморијал “Милош Петровиќ” Јагодина, II награда на EPTA Осиек,Р.Хрватска,III награда на меѓународен натпревар во Тревизо,Италија, II награда на меѓународен натпревар во Усти Над Лабем Р.Чешка, III награда на меѓународен натпревар “Исидор Бајиќ” Нови Сад.

Учесник е на повеќе семинари со еминентни професори меѓу кои се издвојуваат проф. Јури Кот, Мајкл Лесли, Денис Зарди, Волфганг Манц, Александар Сердар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.