“Комитите и цело Скопје утре во 20ч пред Собрание, придружете им се да докажеме дека не сакаме промена на името!?”

Навивачката група “Комити” за утре, 17.06.2018, повикаа на нов протест, како што велат за одбрана на татковината. Тие ги повикуваат сите навивачки групи и слободоумни патриоти да дојдат на протестот или да се организираат на локално ниво.

Пред неколку дена на повик од нив пред македонското собрание се собраа неколку илјади граѓани, а протести се одржаа и во други градови низ државата.

“Недела 17.06 2018 со почеток од 20.00 повторен собир пред собранието на Република Македонија.
Ќе повториме дека ние иако не зeмаме пари за одбрана на татковината како полицијата и војската,како граѓани, должни сме да искочиме и да си го браниме ова наше парче земја.

Ги повикуваме повторно сите навивачки групи и сите слободоумни патриоти да дојдат, да се сплотиме како едно. Ако не сте во можност за да дојдете во Скопје, организирајте се локално.

Последен пат ве повикуваме на мирен протест, а за наредниот период нека се мислат. Нас, апсења и притисоци не не плашат. Порака до тие што се закануваат: ние не сме ни “режимот” , а ни “шарената револуција”, ние сме Комити и ќе ве најдеме, а останатото сте го читале во учебниците по историја.

Запомнете, борбата е да им го смениме менталитетот на нашите политичари, да научат да ги ценат и бранат интересите на Македонскиот народ, а не да ги распродаваат. Никој не е појак од народот кога е сплотен.

Затоа ве замолуваме, раширете го идеалот за слобода, соберете ги вашите најблиски и без страв искочете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија!
Да живее Македонија!!!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.