Кина ги замина САД и стана нajбогата земja во cветот?

Кина официјално ги надмина САД и стана најбогатата нација на светот, покажуваат најновите податоци, пишува порталот „НекстШарк“.

Вкупната нето вредност на светот се искачила од 156 трилиони долари во 2000 година на 514 трилиони долари во 2020 година што го прави светот побогат отколку што бил во кој било момент во историјата.

Кина е одговорна за речиси една третина од тоа зголемување, покажува извештајот на консултантската фирма „Мекинзи и Компани“.

Фирмата ги анализирала националните биланси на 10 земји кои претставуваат 60 отсто од светскиот приход. Од тие земји, Кина има 50 отсто зголемување на нето-вредноста, по што следуваат САД (22 отсто) и Јапонија (11 отсто).

Извештајот покажал дека богатството на Кина пораснало од 7 трилиони долари во 2000 година на 120 трилиони долари во 2020 година. Богатството на САД се зголемило повеќе од двојно на 90 трилиони долари во истиот период.

Но, иако светот денес е побогат од кога било, нееднаквости сè уште постојат. Само во Кина и во САД, повеќе од 67 отсто од богатството е контролирано од 10 отсто од најбогатите домаќинства и тие продолжуваат да заработуваат се` повеќе и повеќе.

Извештајот исто така покажал дека 68 отсто од светската нето вредност лежи во недвижен имот. Остатокот е во инфраструктура, инвентар, машини и опрема и „нематеријални средства“ како што се интелектуална сопственост и патенти.

Во текстот се наведува дека со зголемувањето на трошоците за недвижности, Кина, со компанијата за развој на недвижен имот со седиште во Шенжен, „Евергранд“, би можела да претрпи финансиска криза слична на балонот за домување што пукна во Америка во 2008 година. „Евергранд“ веќе е во многу непријатна ситуација поради долгови од вкупно 300 милијарди долари , што наводно го принудило нејзиниот претседател да го продаде својот личен имот.

Од „Мекинзи“ наведуваат дека падот на глобалните цени на недвижностите може да уништи дури 33 отсто од светското богатство. Нивниот извештај покажал дека за да се избегне таквото сценарио, неопходно е да се поттикнат продуктивни и одржливи инвестиции кои придонесуваат за глобалниот бруто домашен производ (БДП).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.