И оставил 50.000 долари и автомобил на келнерката затоа што била љубезна (ВИДЕО)

screenshot_4-44

Келнерката Мелина Салазар од САД, никогаш нема да го заборави денот кога дознала дека еден старец и оставил 50.000 долари и својот автомобил -Buick 2000.

Тој 89-годишен воен ветеран бил редовен гостин во ресторанот “Luby’s Brownsville” во Тексас. Таа го послужувала повеќе од седум години, секогаш со насмевка на лицето.

Валтер Свордс, луѓето често го одбегнувале бидеќи секогаш се расправал, знаел често да биде груб и навредлив. Бил гостин на кој тошко му се погодувало, а таа била единствената која имала доволно трпение за него.

Мелина видела дека позади таа “маска”, всушност се крие човек кој е осамен. Иако и спрема неа се случувало да биде груб, таа никогаш не ја тргала насмевката од лицето. Секогаш била љубезна со него.

По извесен период Мелина забележала дека старецот повеќе не доаѓа во ресторанот, а после тоа разбрала дека починал. Тоа навистина ја растажило.

По неколку месеци неговиот адвокат ја посетил Мелина и ја известил дека Валтер и оставил 50.000 долари и автомобил, бидеќи секогаш била љубезна кон него.

Тоа било во 2007 година, неколку дена пред Божиќ. Мелина и денес се сеќава колку тоа ја усреќило и шокирало. Често се сеќава на Валтер, а особено пред Божиќ.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.