ИНЦИДЕНТИ НА СУДЕЊЕТО НА 27 АПРИЛ: Кацарска и Нухиу вербално нападнати од обвинетите

Инцидент на сведочењето на Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу Агим во Кривичниот суд за настаните од 27 април. Обвинетиот Игор Југ вербално го нападна Нухиу и на судијаката и порачал ако сака да го осуди и на сто години затвор. Игор Југ гласно извикувал каде е српскиот разузнавач Живаљевиќ и дека им се суди на 33 Македонци, додека странски разузнавач се шетал по Собранието. Обвинетиот Јане Ченто пак, изјавил дека токму Нухиу е првиот што треба да сноси одговорност.

Инаку на денешното сведочење Нухиу се пожали дека, Чавков не му се јавувал. Кога дошол во штабот се однесувал агресивно. Запрашан што се случува, одговорил: „Што мислиш ти, што се случува? Народ се случува“ – ми одговори Чавков. „Имаше информации и предупредив дека можно е луѓе, по натпреварот да се упатат кон Собранието“. Имено од денешното сведочење на Нухиу станува јасно дека Чавков си ја завршил чесно и одговорно својата работа, а полицијата и министерот биле информирани дека постои опасност од ваков развој на настаните, факт кој Нухиу го игнорирал и дозволил неговата матична партија ДУИ да продолжи со однапред планираното сценарио за нелегален избор на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.