ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ: Начинот на кој стоите им открива на луѓето што мислите за нив

Говорот на телото е невербален начин на комуникација кој открива многу за нашето мислење, нашето расположение и нашиот карактер. Се, почнувајќи од нашиот став, па до нашите гестови, открива нешто за нас. Во случај да знаете што да гледате, можете да изградите јасно мислење за нечиј став и карактер. Начинот на кој стоиме открива многу за нашата личност.

Паралелен став, нозете стојат право, блиску една до друга и паралелно.

Оваа положба е типична за луѓето кои очекуваат некаква наредба. Замислете војник кој разговара со својот надреден, ученик кој разговара со наставник и ќе ви биде јасно каква е оваа положба.

Раширени нозе, исправена положба, градите напред.

Оваа положба обично ја имаат мажите и на невербален начин истакнуваат надмоќност, а ја користат луѓето кои чувствуваат дека мора да останат цврсти и сигурни.

Овој став го карактеризира префрлањето на тежината на една нога, додека другата нога стои поназад. Горниот дел на телото може да биде отворен или со прекрстени раце.

Луѓето кои ја имаат оваа положба се опуштени, задоволни и самоуверени. Сигурни се во својата личност и знаат колку вредат. Добро се сложуваат со другите луѓе и лесно се снајдуваат во секаква ситуација.

Прекрстени нозе.

Тежината на телото не е рамномерно распоредена и може да открие многу ваши карактеристики.

Кога жена стои вака, тоа укажува дека таа не оди никаде и дека секаков пристап до неа е “заклучен”. Ова најчесто претставува одбрамбен став, кога не сакате некоја личност да ви се приближи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.