Инстаграм воведува нова опција која многу ќе ви се допадне

За да започнете видео разговор, ќе биде доволно да ја одберете иконата со нова камера која ќе се наоѓа во опцијата за директни пораки.

За да креирате групен видео повик ќе биде потребно да ја одберете опцијата за директни пораки, а потоа и знакот „+“, кој служи за додавање на лицата со кои сакате да разговарате.

Можете да разговарате со една личност или со помала група на луѓе, а ако сакате да го пребарувате Инстаграм и истовремено да разговарате со некого, ќе имате опција да го минимизирате прозорецот на кој се одвива видео повикот и без никакви проблеми да продолжите да разговарате.

Воведувањето на овие опции Инстаграм го најави пред неколку месеци, но тогаш не беше прецизирано колку лица ќе можат да учествуваат во видео повикот.

Овие ажурирања имаат за цел Инстаграм да го претворат и во мрежа која ќе овозможи размена на пораки, а не само објавување на фотографии, како што беше првичната замисла.

Инстаграм најави дека наведените промени ќе им бидат достапни на сите корисници во наредните седмици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.