Изложба на дела од уметницата Снежана Малетин од утре во Прилеп

Во среда 1 август 2018 во 20.00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од уметницата Снежана Малетин. На изложбата, што ќе биде отворена до 16 август, ќе бидат претставени 20 дела. Изложбата финансиски е поддржана од Министерството за култура.

За изложбата од авторката

Графиките на оваа изложба се создадени во период од 2015. и 2016. год. Тие се резултат на истражување на безбедни и нетоксични материјали во графичките техники.

Желбата да работам литографија ме натера да истражувам во оваа област. Многу информации пронајдов на интернет, каде се сретнав со сајтови кои сериозно проучуваат користење на нетоксични материјали во уметнички процеси.

Една од овие техники е наречена kitchenlithography или литографија од кујна. Голем број од графички техники, а тука е и литографијата, не можат да се творат во услови кои не се наменети исклучиво за тоа. Оваа техника пружа можности да се работи со неа во простории кои не се графички атеље, а дава одлична подлога за креативен процес.

Материјалите кои се користат се наоѓаат непосредно во нашата околина и достапни се, па не е потребно да се бараат специјализирани продавници за сликарски и графички материјали. Таа има богат потенцијал кој на мене делува инспиративно и ми отвара нови можности.

Дел од графиките се работени како монотипии, директно сликани на линолеум со бои за печатење на водена база, а дел од нив се комбинирана техника со литографија или само литографија на алуминијумска фолија која се користи во домаќинство.

Третирани со материјали кои исто така ги користиме во нашето окружение и секојдневно, како што е сапунот и маслото. Од тука и името kitchenLithography.

Пред вас се наоѓаат графики кои се резултат на оваа креативна игра, испитување и истражување на можности и решенија во ликовна и техничка смисла. Се обидував да добијам резултат кој најмногу би одговарал на мојот сензибилитет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.