Избрано старо-новото раководство на Oпштинскиот Фудбалски Сојуз – Прилеп

_mg_3559

На денешното изборно собрание на ОФС Прилеп членовите и делагатите од клубовите кои се натпреваруваат во првата, втората и третата општинска лига, преставници од спортските работници од Прилеп  од ФК „Победа“  одлучија довербата за претседател на ОФС Прилеп, со четиригодиштен мандат, повторно,  да му ја дадат на стариот претседател на ОФС, Марјан Стојкоски и на Ирена Јакимоска, како потпретседател на ОФС Прилеп.

_mg_3547

_mg_3544

_mg_3540

Старо-новиот претседател при оваа прилика ја изрази својата благодарност до делгатите за укажаната доверба, како и за одличната соработката што ОФС ја има со локалната власт.

_mg_3548

 

–  ОФС од Прилеп важи за еден од најголемите фудбалски сојузи, со повеќе од  1500 регистрирани играчи и со над 40 екипи, кои активно се натпреваруваат во фудбалските лиги во организација на ФФМ. Но, важно е што како ОФС ја имаме поддршката од градот, од градоначалникот на Прилеп, кој  помага, во рамките на можносите, на фудбалските клубови, да се натпреваруваат и да учествуваат во организираните фудбалски натпреварување во државата. Во рамките на тие резултати направен е терен со вештачка трева, се гради стадионот „Гоце Делчев”, формирана е фудбалска акaдeмија во Прилеп ,која  веќе трета година по ред работи, и сето тоа е со подршка на ФФМ, државата и  локалнта власт,за поуспешен фудбалски Прилеп – истакна избраниот претседател на ОФС, Марјан Стојкоски.

_mg_3534

Градоначалникот на Прилеп, кој присуствуваше како гостин на ова изборно собрание на ОФС, ја истакна одличната соработка со ОФС Прилеп и ФФМ.

– Како резултат на таа соработка имаме реализирано неколку заеднички проекти, а во иднина планирани се и нови во насока за развој на спортот, за развој на фудбалот. Локалната самоуправа секогаш помага и ќе помага за развој на фудбалот во градот.Радува фактот што ,ете, после многу години, ФК Победа е во Првата македонска лига, но и во другите фудбалски клубови во Општина Прилеп, кои се натпреваруваат во пониските рангови морам да истакнам дека  имаат одлични фудбалери и одлична организација за да го развиваат фудбалот во Прилеп.

_mg_3561

За квалитетноста и успешноста  на постоењето на ОФС Прилеп говори и фактот што кон крајот на минатата година, ОФС Прилеп одбележа златен јубилеј, 50 години од своето формирање.

_mg_3532




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.