Ибрахимовиќ мава шамари и во Америка, дури и ако некој случајно го згазне (ВИДЕО)

Натпреварот од американската МЛС Лига помеѓу Монтреал Импакс и Лос Анџелес Галакси, по којзнае кој пат го покажа нервозниот лик на Златан Ибрахимовиќ.

Откако противничкиот играч Михаел Петрасо случајно го згазна, тој му залепи “една заушка”, но заборави дека снимката може да се прегледа, па судијата му покажа директен црвен картон, на 5 минути пред крајот на првото полувреме.

 

Лос Анџелес сепак го доби мечот со 0:1 и освои нови 3 бода.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.