За 12 години реализирани 14 милиони евра инвестиции на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп (ФОТО+ВИДЕО)

Во текот на овие 12 години ЈКП „Водовод и Канализација“ доживеа вистинска трансформација во едно модерно јавно претпријатие кое докажа дека може да се носи со сите предизвици во реализацијата на досега најкапиталните и историски проекти за Прилеп. Овие проекти трајно ќе ја променат и подобрат сликата околу водоснабдувањето на градот и изградбата на нови канализациони системи.

BeFunky Collage1

Еден од најголемите проекти кои се реализираа во Прилеп околу водоснабдувањето е секако замената на околу 40 км. нова водоводна мрежа во градот, преку грантот на германската КФБ банка со што се реши еден децениски проблем на прилепчани. Проектот се реализираше во 2 фази, од 2006 до 2010 година, а инвестицијата изнесуваше 9,1 милиони евра, од кои 1 милион евра беа обезбедени како средства од Владата.

Со овој проект се обезбеди сигурно водоснабдување на населението на Прилеп со тарифа која ги покрива трошоците и истата е социјално прифатлива. Се придонесе кон поголемо зачувување на природните ресурси, се намалија загубите на вода, а се зголеми и процентот на наплата кај граѓаните. Со тоа значително се подобри техничката и финасиската состојба на водоснабдувачкото претпријатие.

Само за пример загубата за вода до пред реализацијата на овој проект во Прилеп беше околу 75%, а после Проектот таа падна под 60%. Со текот на годините ЈКП ВиК досега замени околу 40 км водоводна мрежа со сопствени средства и во моментов моменталните загуби на вода се под 50%.

Поради подобрувањето на финансиската ситуација само во периодот од 2005 до 2009 година, ЈКП ВиК врати 95.065.798 денари односно приближно 1.545.785 евра исплатени сопствени средства на име обврски наследени во 2005 година кон разни фирми, од кои вкупно кон ЈП „Студенчица“ со добиениот дисконт од 50% кон долгот, обврската што се сервисираше со 50% дисконт изнесуваше 57.299.574 денари.

Освен замената на водоводната мрежа со овој проект се реализираше и

изградба на нова административна зграда на Водовод, се набави копач (багер) и додатоци, опрема, алати и облека, возила за одржување, материјали за поправка на мрежата, опрема за дезинфекција, телеметрија и СКАДА систем, Бустер станици во Точила, вентил за регулирање на притисок и друго.

Освен оваа капитална инвестиција во периодот од 2009 до 2013 година се изградија 10 нови бунари во месноста Бегова ливада, инвестиција од околу 62.269.374 денари, пари обезбедени од сопствени средства и средства на Владата на РМ од кои 60.000.000 денари се средства од Владата на РМ, а 2.269.374 денари сопствени средства.

Од февруари 2012 година во просториите на Водомерната работилница е пуштен во употреба нов апарат марка ЦМЦ наменет за верификација на водомери. Апаратот работи на принцип на мерење на маса на вода која поминува низ водомерот, најсофицистиран е во Република Македонија и од најсовремен тип, и е во согласност со светските ISO стандарди. Вредноста на оваа инвестиција е 5.744.240 денари.

Во периодот од 2010/11 година набавена е цистерна во висина од 10.615.752 денари за потребите на одделението канализација.

Во периодот од 2011-2016 година е изградена нова водоводна мрежа долга 40 км, со сопствени средсрва, инвестиција од 54.993.625 денари или околу 900.000 евра, а изградивме и канализациони линии во должина од 2 км, инвестиција од 4.695.576 денари или околу 76.000 евра.

Во 2013 година се реализираа следните проекти :

  • Се поставија електромагнетни мерачи за пратење на проток на старите градски извори и преливната цевка кон Вештачкото езеро
  • Се изработи студија и основен проект за високата зона од градот
  • Се набави патничко возило за потребите на ЈКП ВиК
  • Реконструкција на фекална канализација на ул. „Сотка Ѓорѓиоски“
  • Се изгради атмосферска канализација на ул. „Александар Македонски“
  • Се поставија бетонски цевки од атмосферска канализација на ул. „Ножот“
  • Поставување на хидрофор за водомерна работилница
  • Се изврши реконструкција на водоводната мрежа на улиците : „А. Македонски“ кај ф-ка Енергоинвест, „Пане Талески“, „Мукос“, „Раде Иваноски“, „Ѓорѓи Димитров“ и „Трајко Николоски“
  • Се набави опрема за радиско читање на водомери
  • Пробно се активираше филтер станицата за питка вода со замена на резервни делови
  • Се постави препумпна станица за високата зона
  • Се изврши реконструкција на пумпна станица за населено место Селце со поставување на систем за управување и мониторинг- SCADA
  • Изградба на средно напонски вод за пумпна постројка Бегови Ливади
  • Се реализираше географски информационен систем за дигитализација на целокупната мрежа во градот-водоводна и канализациона

Во 2014 година се реализираа следните проекти :

  • Се изврпи реконструкција на водоводната мрежа на улиците : „С. Планина“, „Бистра Планина“, „Савска“, с. М.Коњари, „Осоговска“, „Трајко Николоски“, „Круме Волнароски“, „Димо Наредникот“, „Илија Игески“, „Борка Медарот“, „Вера Циривири“ и канализациона мрежа на ул. „Јоска Јорданоски“ и „Славеј Планина“
  • Се изработи елаборат за режим на работата на Вештачото езеро на град Прилеп за потребите на филтер станицата за питка вода
  • Се набави и монтираше нова хлорна станица на собирна шахта-стари извори
  • Се изработи основен проект за санација на ободен канал Маркови кули
  • Се набави изворен код за софтвер
  • Се направи ревизија на основен проект за прочистителна станица за отпадни води
  • Се изработи елаборат за заштитни зони околу извориштата
  • Се изгради магацински простор- локација Хлорна станица
  • Се рехабилитираше ободниот канал за намалување на ризиците од катастрофи и климатските промени.

Во 2015 година се реализираа следните проекти :

  • Се изгради водоводна мрежа во : с. Старо Лагово, Млекара, улиците „Ѓорѓи Сугарев“, „Трајко Николоски“, „Димо Наредникот“, „Васко Карангелески-Илка Присаѓанка“, и „Савска“, а се изгради и канализациона мрежа на улиците : „Димо Наредникот-Бул. Г. Делчев“ и „Бул. Гоце Делчев“ позади хотел „Липа“
  • Се изработи регулациона шахта за високата зона во Точила.

Во 2016 година се реализираа следните проекти :

  • Се набавија машини за пробивање канализациони цевки под висок притисок
  • Се надогради SCADA системот

ШТО ЗНАЧИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 2009 ДО 2016 ГОДИНА РЕАЛИЗИРАНИ СЕ ПРОЕКТИ ПРИБЛИЖНО ВО ВИСИНА ОД 130.502.000 ОДНОСНО ПРИБЛИЖНО 2.121.984 ЕВРА ОД СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА НА ЈКП ВИК ПРИЛЕП. ЗБИРНО ЗА ОВИЕ 12 ГОДИНИ ЈКП „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ ПРИЛЕП ИМА ИНВЕСТИРАНО ОКОЛУ 14 МИЛИОНИ ЕВРА, СРЕДСТВА ОД РАЗЛИЧНИ ИЗВОРИ.

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп е вистински пример како треба да функционира едно јавно претпријатие и тоа едно од најдобрите јавни водоводно претпријатие на ниво на Македонија. Толку капитални проекти реализирани со над 80 % сопствени средства ретко кое друго јавно претпријатие ги има направено.

Но ЈКП „Водовод и канализација“ нема да застане тука. Во 2016 година започна реализацијата на голем број проекти кои треба да завршат во 2017 година :

  • Изработка на студија за намалување на загуби во град Прилеп со изведба на две мерно регулациони шахти
  • Набавка на пескара за потребите на водомерна работилница
  • Се изврши реконструкција на водоводната мрежа на улиците : „Братство и Единство“, „Петко Велкоски-Стрелката“, „Киро Пајмакоски“ и „Београдска“
  • Замена на хидромеханичка опрема во водоводни шахти

Вкупната вредност на овие проекти изнесува : 16.300.000 денари или околу 265.000 евра.

Од 2017 до 2021 година ЈКП „Водовод и канлизација“ треба да ги реализира следните проекти :

  • Реконструкција на водоводната мрежа во должина од 25 км. за периодот од 2017-2021 година.
  • Се планира да се реконструираат следните улици: „Гога Димитриоски“, „Илија Компаниоски“, крак „Гога Јанкулоски“, „Владо Стојаноски“, „Мара Јосифоска“, Бул. Г. Делчев крак, „Благоја Крстески“, „Питу Гули“, „Марксова“-дел, „Сотка Џигиџиќ“, „Борка Влачарот’“, крак „Архиепископ Доситеј“, „Борка Талески- крак, „Спасе Темелкоски“, „Богомила“, „Сремски Фронт“, „Велешка“, „Мечкин Камен“ (кружен тек со пресек со ул. Истарска), „5-та Прилепска“- крак (пресек со улица Октомвриска), „Прохор Пчински“, „Савска“ два краци, „Кеј 1ви Мај-дел, „Кордун“ – дел. И други.

Реконструкцијата ќе се одвива во наредните четири години, во зависност од одредените потреби и приоритети според надзорот на стручните служби на ЈКП ВиК.

Освен реконструкцијата на водоводната мрежа во должина од 25 км, во периодот од 2017 до 2021 година планирано е да се реализираат и следните проекти :

  • Нивелирање на 800 шахти (улични капаци со ниво на коловоз) за периодот од 2017-2021 година
  • Поради зголемен обем на работа на претпријатието потребна е набавка на патнички полутоварни и специјални возила
  • Во зависност од средствата се планира изработка на модифицирана веб страна со електронско плаќање на сметките
  • Се започнува пилот проект за кого се има изградено студија за намалување на загубите. Главната цел на проектот е намалување на загубите преку монтирање на хидромеханичка опрема за регулација и контролирање на притисокот во мрежата
  • ЈКП ВиК стопанисува со 21 населено место за кои пумпни постројки е предвидена нивна санација
  • Реконструкција на градежни објекти како и доводите од старите градски извори. Вкупната вредност на проектот е 2.000 000 евра. Од 2017-2021 година ЈКП ВиК планира да вложи сопствени средства во висина од 150 000 евра, а за останатите средства се планира да се аплицира до домашни и странски институции. Во 2017 година завршува изработката на проектната документација. По нејзиното завршување ќе се знае колкав период ќе биде потребен за таа реконструкција, како и точната вредност на проектот. За почеток ЈКП ВиК планира со сопствени средства да изврши реконструкција на цевовод од изворот Леково во висина од 6.000 000 денари, како и целосна санација на каптажата. За изворот Пештерица се планираат 3.000 000 денари инвестиција од сопствени средства на претпријатието

Тука секако мора да се потенцира и капиталниот проект за Прилеп кое во тек, а тоа е рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во должина од 68 км., инвестиција од 14.935.434 евра и изградбата на прочистителната станица, инвестиција од 10.178.974 евра.

Парите за овој проект се обезбедени преки ИПА програмата и Владата на РМ. Рехабилитацијата и надградбата на канализационата мрежа треба да заврши во 2018 година, а изгарадбата на пречистителната станица треба да финишира оваа година.

Со овој проект Прилеп ќе добие разделување на фекалната од атмосферската канализација, ќе се подобри еколошката слика на целиот регион, ќе се добие чиста во градската река, чии води пак ќе може да се употребуваат понатаму и за наводнување на земјоделските посеви.

После завршувањето на овој проект ќе започне комплетно уредување на речното корито, кејските ѕидови, и партерно уредување.

Прилеп ќе биде еден од ретките градови во Македонија кој ќе го има имплементирано и воспоставено овој систем на третман на отпадните води кој е од историско значење за нашиот град.

После реконструкцијата на водоводната мрежа и канализационите системи со пречистителната станица Прилеп ќе прерасне во еден од најдобрите инфраструктурно уредени градови во Македонија и на Балканот, со висок степен на заштита, а со тоа ќе се реши повеќе деценискиот проблем на прилепчани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.