“Заев доби датум за оставка”

Во текот на вчерашниот ден по состанокот на Советот на министри на Унијата, Македонија не доби датум за почеток на преговорите поради ветото од Бугарија. Македонската Влада вчера доби датум за оставка.

И премиерот Зоран Заев вчера доби датум за оставка. Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров доби црвен картон за политиките на добрососедство и треба да сноси политичка одговорност. Следствен чин би било поднесување на оставка. Секоја демократска Влада во светот кога нема да упеае да ги протне политиките на кои се потпира, и за кои и е впрочем дадена довербата од гласачите логичен следен чин е сносување политичка одговорност или оставка.

Македонската Влада соопшти дека одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, како и дека ќе се продолжи да се бара решение за европската иднина на Македонија.

„До сега не се создадоа соодветни услови за да се надминат новите бугарски барања и заради тоа, Република Бугарија одлучи дека во овој момент нема да ја одобри нашата преговарачката рамка во ЕУ. Тоа е неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски вредности и принципи‘‘ се наведува во реакцијата на Владата доставена до МИА по состанок на Советот на министри на Унијата.

Во демократските земји после ваков чин на добивање на црвен картон на политиките кои се темел на Владата се поднесува политичка одговорност. Премиерот Заев треба да сноси одговорност за политиките се или ништо.Одговорност за 5 годишните политички кризи, нереди, кршење на Устав, процедури, понижување на сопствениот народ, неуспех на сервилноста на “добрососедската политика”.

Политичка одговорност на Заев за ветувањата “на прав пат сме‘‘. Политичка одговорност за промената на името на Македонија и неуспехот за влез во ЕУ.

Пропаднаа политиките на Заев за добрососедство со Бугарија.Признание добивме и во соопштението од Владата на Македонија, и токму затоа потребна е политичка одговорност. Задршката на Бугарија да ја одобри преговарачката рамка не е во духот на добрососедските односи.

„Ваквиот став на бугарската Влада е спротивен на членот 2 од Договорот за пријателство од 2017. Нашата позиција е јасна: ние сметаме дека европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања“, се наведува во реакцијата на Владата.

Според Владата, преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија и нашиот напредок во евцроинтеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на Унијата и постигнувањето на европските стандарди.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.