Забрана за движење на камиони на Плетвар

На патниот правец Кавадарци – Прилеп преку планинскиот превој Плетвар од 18:30 часот е воведена забрана за движење за тешки товарни возила, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.

kamioni-2-640x294

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, а остатоци од кашест снег има на коловозите.

Врнежи од слаб снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Ресен, Македонски Брод, Ѓавато, Плетвар, Штип, Павлешенци, Неготино, Демир Капија, Удово и Кула, а слаб дожд врне во Сарамзалино, Кочани, Велес и Гевгелија.

Од ЈП „Македонија пат“ истакнуваат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Апелираат возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.