Жешко време и УВ индекс 9: Еве какво време не’ очекува до крајот на неделата

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен и западен правец. Вдолж Повардарието повремено повторно ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 29 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

До недела во Прилеп ќе преовладува топло време со температури до 32 степени, а мало освежување ќе има во недела за кога се очекуваат мали врнежи од дожд.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време, освен во петок попладне и во сабота, кога ќе има појава на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.