Еурофарм Пелистер машини: Во Битола падна данскиот вицешампион

Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа во Битола го совладаа актуелниот лидер во данскиот шампионат ГОГ Гудме со 32:31 (15:16).

Битолчани играа сигурно во текот на целиот натпревар, почнаа со водство од 5:2 (9 минута од натпреварот), на неколку минути пред крајот од средбата (57. минута од натпревари) водеа со 30:27, а потоа заслужено славеа со 32:31.

Победата на Еурофарм Пелистер е тимска, а посебно се истакнаа Мараш кој постигна 8, Периќ кој постигна 7 и Граџан кој постигна 6 голови, додека кај гостите најуспешен беше данскиот репрезентативец Емил Јакобсен кој постигна 12 голови, но најголем дел од нив со удар од 7 метри.

Пред почетокот на натрепварот Данците се пожалија дека во салата им е ладно:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.