Вработените во прилепскиот загубар Еурокомпозит, денеска излегоа на протест пред општина Прилеп. Тие пред два дена одржаа протест и пред Владата, но откако не беа примени од вице премиерот се вратија со уште едно ново разочарување.
Еурокомпозитци и натаму си ги бараат заостанатите придонеси, плати и отпремнини. Поточно не им се исплатени 20 плати и придонеси за изминатите шест години.
Не се исплатени ниту ветените отпремнини за 150 лица кои беа прогласени за технолошки вишок.