Експлозија покрај автобусот на Борусија Дортмунд пред натпреварот во ЛШ, еден фудбалер со повреди пренесен во болница

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд Марк Бартра е повреден и веднаш префрлен во болница, откако се случила експлозија пред тимскиот автобус на германскиот тим.

 dortmund-bus
„Имаше инцидент пред пристигнувањето на нашиот автобус. Една личност е повредена. Фудбалерите се безбедни. Нема опасност на стадионот. Ќе следат дополнителни информации“ – објави Борусија Дортмунд во своето соопштение

Германските медиуми пишуваат дека повреден е Марк Бартра, а исто тие велат дека се стравува дека станува збор за таргетиран напад.

Натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Монако е официјално одложен.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.