Еве како да станете космонаут во НАСА: Има само 3 услови !

Постојат многу митови за тоа кои квалификации се потребни за да станете космонаут во НАСА. Иако интелегенцијата, снаодливоста и одличниот вид не се на одмет, сепак не се некои од клучните услови.

Еве што е потребно за да “пливате” меѓу ѕвездите како космонаут на НАСА:

Во јавноста е познато дека космонаутите се и пилоти, додека вистината е дека искуството како пилот е голем плус при пријавата, но не е услов кој мора да биде исполнет.

Владее и мислењето дека космонаутите треба да имаат и совршен вид, но вистината е дека тоа може да се постигне и со ласерска операција. Единствениот услов е да поминала една година од операцијата до пријавата за работа.

Исто така, митот за тоа дека сите космонаути треба да имаат докторат како другарите на Шелдон Купер во познатата холивудска серија, не е вистинит.

Пред пријавата секако погрижете се да имате 3 години работно искуство, како и да сте во добра физичка подготовка.

Еден од условите за да бидете космонаут на НАСА е да немате проблем со тоа што просторот ќе го делите со цимери и цимерки, дека понекогаш лошо ќе јадете, дека ќе има дефекти во WC и дека ќе лебдите во воздух. Исто така, ќе треба постојано нешто да поправате, да одгледувате цвеќиња во вселената…

Идеално би било, освен што сте авантуристи, навистина да ја сакате технологијата и астрологијата. Одлично би било, се шегуваат од НАСА, и да не се плашите од висина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.