Децата на Бил Гејтс не се заинтересирани за милијардите на нивниот татко: “Миеме садови, одиме во црква, а ова е забрането во нашата куќа”

Основачот на компанијата “Мајкрософт”, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, имаат три деца на возраст од 17 до 23 години.

Бил Гејтс е третиот најбогат човек во светот. Својата сопруга Мелинда ја запознал во 1987 година, се венчале во 1994 година и од тогаш се во брак. Славниот пар одлучил децата да ги воспита скромно.

Иако живеат на имот од бајките вреден 127 милиони долари во Вашингтон и во своја сопственост имаат уште многу други недвижности, нивните родителски методи се слични на оние што може да се видат во просечните семејства.

Бил и Мелинда заедно со своите деца Џенифер, Фиби и Рори ја водат Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс”, најголемата приватна фондација во светот, која поседува 47 милијарди американски долари.

Тие ги делат семејните обврски. Заедничкото миење на садови во нивното семејство е традиција. Мелинда смета дека на ваков начин се зајакнуваат семејните врски.

Титанот во светот на технологијата е поприлично строг кон своите деца кога се работи за употреба на технологија. Бил и Мелинда забраниле употреба на мобилни телефони додека семејството седи на трпезариската маса. Секој од нив првиот телефон го добил на четиринаесеттиот роденден.

На едно интервју Бил изјави дека тој и неговото семејство редовно ја посетуваат црквата. “Ги воспитуваме децата на религиозен начин. Тие ја посетуваат католичката црква, чиј дел сме јас и Мелинда”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.