Детали за вчерашната сообраќајка на излезот од Прилеп (ФОТО)

На 13.11.2018 година било пријавено дека во Прилеп на крстосницата од регионалниот пат Градско – Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Форд “со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(49) од Скопје и товарно моторно возило “Сканиа “со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Б.(34) од Прилеп.

Со тешки телесни повреди се здобил совозачот на патничкото моторно возило Р.М., а возачот се здобил со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.