Десницата се окрупнува пред изборите во ЕУ: На пактот Рим-Варшава, се приклучува и Орбан

Во Европската Унија се формира широк блок од опозициски и владеачки партии кои се залагаат за враќање на суверенитетот и демократските права на членките во унијата.

Вице-премиерот на Италија Матео Салвини неодамна го најави формирањето на осовината Рим-Варшава, со цел да се изгради “нова Европа” која е против криминалната миграција и масовното населување со народ од другите континенти.

“Би сакал да направиме пакт, алијанса за сите оние кои сакаат да ја спасат Европа, што повеќе не има толку подобро”, рече Салвини за време на посетата на Полска.

Матеуш Моравиецки премиерот на Полска ја прифати идејата, нагласувајќи дека Полска и Италија се на иста страна.

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, минатата година исто така повика на формирање на нова осовина, најавувајќи дека Австрија и Италија можат да бидат нови сојузници во Европа.

Од денеска во истиот тој блок е и Виктор Орбан, кој повика на формирање на анти-имиграциона осовина во Европа. Орбан изјави дека сака формирање на мнозинство во институциите на ЕУ кое ќе го сочинуваат земјите како Италија и Полска, со цел да се формира правец по кој ќе се движи новиот европски блок.

Орбан порачал дека нема да има компромис по прашањето за миграцијата и дека се спремни за борба против лидерите како што е Емануел Макрон, кои мораат да ги почитуваат Унгарците и нивните одлуки.

Тој исто така рекол дека верува дека во ЕУ ќе бидат создадени две цивилизации, Муслиманско-Христијанска на Запад и традиционалната во централна Европа.

Се очекува дека десницата ќе оствари добри резултати на изборите за Европскиот парламент.

Доколку Британија донесе конечна одлука за напуштање на ЕУ до 29 март 2019, нема да учествува на изборите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.