Деркоски: ДИК ги кажа резултатите дека не се исполнети условите за успешност на референдумот и сето тоа од страна на ДИК беше доставено до Собранието на Република Македонија

Во вечерашното гостување во емисијата „Отворено на Алфа“, претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски рече дека во врска со референдумот кој беше одржан на 30 септември годинава државната изборна комисија ги испочитувала законите и Уставот на Република Македонија.

Според Дерковски државната изборна комисија го соопштила она што граѓаните како своја волја го изразиле на денот на референдумот, ги кажале резултатите дека не се исполнети условите за успешност на референдумот и сето тоа од страна на ДИК било доставено до Собранието на Република Македонија.

Тој истакна дека резултатите од референдумот преставувале слика на она што се случува подолг период во државата, како политичка ситуација во која што без општ политички концензус се одвиваат некои постапки за промена на Уставот на Република Македонија.

Имено тој додаде дека доколку тој би бил на место на одредени политичари би го послушал гласот на граѓаните затоа што тие пратиле јасна и недвосмислена порака.

-Во Законот за референдум има еден факт кој вели дека во случај на донесување на одлука, Собранието е надлежно во рок од 60 дена да го регулира прашањето кое било предмет на референдумот, и политичарите треба да се водат од таа одредба и треба да постапуваат така затоа што само тоа е само правилно согласно законите и Уставот на РМ, но дали сега се поставува правилно или не ќе покаже иднината, потенцираше Дерковски.

Тој додаде дека не е возможно да се направи гласање за 5,4 секунди, и дека пред неколку години Државната изборна комисија извршила симулација за да се изврши проверка колку е потребното време за еден гласач да влезе на избирачко место, да ги изврши сите проверки, да го оствари своето право на глас и после тоа да го напушти гласачкото место, и најкраткото време е деведесет секунди, а најдолгото време е нешто повеќе од две минути.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.