Денеска е голем празник, светецот е заштитник на децата: Ова не смеете да го правите

Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и Преподобен Теофил.

Свети Прокопиј се роди во Ерусалим, роденото име му беше Неаниј. Татко му умре набргу по неговото раѓање, а мајка му го воспита како паганин. Кога порасна стапи во војничка служба кај императорот Диоклецијан. А кога овој почна да ги гони христијаните го испрати Неаниј по таа работа во Александрија. На патот, после еден чудесен настан, тој поверува во Христа. Набргу по неговото пристигнување на Истокот беше затворен поради неговата вера во Христа. Во затворот се крсти и го доби името Прокопиј. Чесно пострада за Христа од раката на римскиот џелатво Кесарија Палестинска во 303 година.

Се смета дека ова е добар датум за венчавка бидејќи тој ги штити младенците, како и дека не треба да се работи и копа.

Се смета и денеска не треба да се миете во река или езеро.

Се смета дека е чувар на децата и рударите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.