Две девојки од Прилеп, една идеја и 5 години успешна приказна: Theia е местото каде што добриот вид и стилот одат рака под рака

Летото сè уште трае, трендовите се менуваат, а вистинскиот избор на очила никогаш не е само прашање на стил. Во срцето на Старата прилепска чаршија, две млади прилепчанки веќе пет години ја градат својата приказна посветена на видот, модата и внимателната услуга.

Наташа и Моника се сопственички на Оптика Theia, сместена во препознатливите цветни улички на Старата прилепска чаршија, веднаш наспроти Fast Food ресторанот Magic. Во октомври годинава, Theia одбележува 5 години постоење, пет години во кои вниманието кон клиентите, стручноста и љубовта кон професијата се претворија во препознатлив дел од нивната приказна.

Името Theia не е избрано случајно. Во старогрчката митологија, Теја е божица поврзана со видот и светлината, симболика која совршено се вклопува во она што Наташа и Моника сакаат да го претставува нивната оптика.

А Theia денес е место каде што практичноста и модата одат рака под рака.

Во понудата може да се најдат различни модели и брендови на очила, меѓу кои VOGUE, ARMANI EXCHANGE, POLAR, CARRERA, Daniel Duff, GUESS и други, со избор кој лесно може да се прилагоди на различен стил, карактер и потреби.

Но, приказната не завршува со изборот на рамка.

Во Оптика Theia се нуди и можност за дијагностика, а благодарение на современата апаратура, изработката на стаклата може да се реализира на лице место, со што целиот процес станува побрз и попрактичен за клиентите.

И токму тука се препознава нивниот пристап, услужност, внимателност и стручност, но и она што често прави најголема разлика: насмеани лица кои ќе ве пречекаат со внимание.

Летото сè уште не е готово, сончевите денови продолжуваат, а со нив и потребата од квалитетни очила кои ќе го надополнат вашиот стил. А кога веќе сме во чекор со новите летни трендови, зошто очилата да бидат исклучок?

Без разлика дали барате нови очила за сонце, диоптриски очила, сакате да направите дијагностика или едноставно сакате да го освежите својот изглед со нова рамка, Theia е место каде што можете да го најдете она што ви треба.

Пет години по почетокот на приказната, Наташа и Моника продолжуваат да ја градат Theia како оптика во која видот, стилот и личниот пристап се гледаат со исто внимание.

Постете ја оптика Тheia, заследете ги на социјалните мрежи: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ, и бидете секогаш во тек со најновите трендови, попусти и различни понуди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.