“Два центиметри асфалт за варошани?? Жителите се вчудоневидени од иновациите на Општина Прилеп??” (ФОТО)

Револтирани граѓани од населбата Варош во Прилеп испратија фотографии до нас од улицата “Илија Компаниоски”, каде деновиве се извршувало асфалтирање.

Според она што го кажуваат граѓаните, општинските власти им туриле помалце од 2цм. асфалт на улицата.

Тоа го илустрираа со помош на метро, а во нивната реакција велат дека ова е бедно и срамотно.

“Два центиметри асфалт ќе пропаднат при првиот дожд, или кога некое потешко возило ќе помине низ улицата”, велат тие.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.