ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ЗНАЧИ КВАДРАТЧЕТО НА ПАСТАТА ЗА ЗАБИ: Веднаш проверете и внимавајте кога купувате паста за заби

Сигурно кога купувате паста за заби никогаш не обрнувате внимание на квадратчето во долниот дел од амбалажата.

За ова квадратче на пастите за заби многу луѓе тврдат дека открива дали во пастата има само природни состојки или хемикалии.

Доколку на дното стои црн код тоа значи дека во пастата има само хемикалии.

Доколку на дното има црвен код тоа значи дека во неа има природни состојки и хемикалии.

Доколку пак е син кодот тогаш пастата содржи природни состојки и лекови.

А ако на дното има зелен код тогаш пастата е направена од потполно природни состојки.

Сепак според извештаите на продавачите, бојата на кодовите не се однесува на состојките, туку дека тие се дел од производствениот процес и го означуваат местото каде се произведува производот.

За да знаете од што состојки е направена пастата за заби ќе морате да прочитате на декларацијата каде всушност треба да се наведени состојките.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.