По успешната светска премиера на 10-ти февруари и дополнителните 3 проекции кои се одржаа во рамките на филмскиот фестивал Берлинале, проекцијата во Скопје и Битола, најновото филмско остварување “Господ постои, името и’е Петрунија”, доаѓа и во Прилеп.
Филмот на македонската режисерка Теона Стругар Митевска ги собра симпатиите на голем број филмски критичари и голем број магазини и медиуми кои се занимаваат со оваа тематика.
На најпопуларната филмска датотека IMDb, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ има рејтинг од 7,1 од публиката, но се очекува ова оценка уште повеќе да расте со идните проекции.
Оваа приказна е снимена по веродостоен настан што се случил во Штип, кога жена скокнала по крстот за Водици во река, предизвика лавина од прашања за позицијата на жената во малите средини и воопшто за севкупниот менталитет на малите средини.
Сценариото е на Стругар Митевска и Елма Татарагиќ, а во улогите покрај Зорица Нушева играат и Мони Дамевски, Илија Волчески, Суад Беговски, Стефан Вујишиќ, Џевдет Јашари, Виолета Шапковска, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Андријана Колевска, Никола Ќумбев,… Директор на фотографија е Вирџини Сент-Мартен, а сценографијата е на Вук Митевски.
Проекциите во Прилеп ќе се случат на 13.04 (сабота) и 14.04 (недела), а картите во продажба ќе бидат од следната недела.
Еве како филмот беше поздравен после проекцијата на филмскиот фестивал “Берлинале”: