Видео: “Ласовска го “изваде од патики” министерот Сугарески, со факти? Колегите го смируваа и тешеа?”

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска остро реагираше на одговорот на министерот за транспорт, Горан Сугарески, во врска со пуштањето на автопатот Миладиновци – Штип.

„Имавте доволно време да ги отстраните сите недостатоци. Ова се прашања на граѓаните на цел тој регион. Зошто дававте изјави такви дека денес ќе се пушти, утре ќе се пушти. Тоа е популистичка ваша изјава. Нели се боревте против популизам. Тоа беше наше ветување, кое јас сум го дала. Не мора свечено. Пуштете го патот, па после избори правете свечено отворање“ – му порача Ласовска на министерот Сугарески.

Додека пратеничката зборуваше на говорницата, Сугарески нервозно реагираше во позадина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.