ГРНЧАРОВ РАСПАЛИ ПО ДАРКО ПАНЧЕВ: Болен човек беше и остана, рече Грнчаров по интервјуто на Дарко Панчев!

Тешкиот период низ кој поминува фудбалскиот клуб „Варадар“ предизвика искрење помеѓу превенците во клубот, а расправиите добија и јавен дискурс откако бившиот капитен на „Вардар“ го прозва спортскиот директор Дарко Панчев за „болен човек“

Додека од раководството на клубот „Вардар“ се надеваат дека градот Скопје ќе му ги олесни маките на скопскиот фудбалски бисер, во раководството на клубот повторно искрења помеѓу првенците. Имено, бившиот капитен на „Вардар“ Бобан Грнчаров „распали“ по спортскиот директор Дарко Панчев нарекувјаќи го „болен човек“.

„Лижачов уште не престанува пак сака да биде во клубот. Ајде Даре, спушти се доле можеш ти појако од ова. Од 3 пати што беше 3 пати го уништува клубот од незнаење и од неработење. Болен човек беше и остана“, напиша Грнчаров на својот профил на Фејсбук.

Реакцијата на Грнчаров следи по интервјуто на спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев за „Новости“:

„Се случуваат некои работи кои веројатно не се добри за Вардар, затоа што сите промени и сите исчекувања не носат добро. Но, што да се прави, ние сме тука, јас и Илија Најдоски сме подготвени за соработка. Секако, доколку новите луѓе од Град Скопје сметаат дека јас и тој, со нашето искуство, може да помогнеме на клубот. Секако дека ќе седнеме на маса и ќе се договориме“, изјави Панчев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.