Голем пожap во близина на вakциналниот пyнкт во Пpилеп: Изгopea paботилниците за пpaкca од дpвното yчилиште (Фото)

Утрово околу 5:30 часот, пожap избyвна во работилницата по пракса и магацинските простории на дрвното училиште при СОУ “Ѓорче Петров” во Прилеп.

Според фотографиите кои ги добивме од Територијалната противпожарна единица причинета е огромна материјална штета, а на пожapoт се интервенирало до 10 часот.

Пожapникapите интервенирале со 2 возила и 6 припадници, а ова е трет пожap во објект во изминатите 24 часа.

Вчера гореше семејна куќа и викендица, при што еден пожapникap се здоби со повреди.

Прилепските пожapникapи апелираат до надлежните да им набават квалитетни и соодветни опреми за интервенција, за да се избегнат ваквите немили настани во иднина.

Во непосредна близина на денешниот пожар се наоѓа и вакциналниот пункт во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.