Големо славје вечерва во Прилеп: МЕГА БАСКЕТ по втор пат ја совлада екипата на легендарниот Перо Блажески и се пласира во Втора лига (ВИДЕО)

Екипата на Мега Баскет од Прилеп е нов кошаркарски второлигаш, откако вечерва по втор пат го совладаа Маџари, кој е предводен од легендата на македонската кошарка, Перо Блажески.

По високата победа во Скопје, прилепчани вечерва забележаа нов триумф вечерва пред својата публика и први стигнаа до две победи во плеј-офф серијата за пласман во повисок ранг.

Крајниот резултат на семафорот беше 78:66 (46:31 на полувремето). Со ова младата екипа на Мега баскет ја оствари својата цел и наредната година ќе игра во далеку поквалитетно натпреварување.

Прилеп треба да слави, Прилеп треба да биде горд на овие дечки! Прилеп заслужува квалитетна кошарка!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.