Гимназијалците со целосна победа на натпреварот по англиски јазик

angliski

На 18.03.2017 година во просториите на ООУ „Блаже Конески“ Прилеп, во организација на ELTAM (Ацосијација на наставници по англиски јазик на Мaкедонија), се одржа натпревар по англиски јазик за општините Прилеп, Македонски Брод, Крушево, Кичево, Кривогаштани и Долнени.

Во конкуренција од 22 ученици од средните училишта од општина Прилеп и општина Кичево, гимназијалците:

Божидар Цветкоски освои прво место,
Ѓорѓи Димески освои второ место и
Александар Видески освои трето место.

Со постигнатиот успех  гимназијалците продолжуваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 08.04.2017.

nastavnicki-po-angliski

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.