Во Прилеп се одржа шаховски турнир помеѓу доктори

Под покровителство на Лекарската комора на Македонија и техничка организација на шаховскиот клуб Прилеп, на 08 Април 2023 година се одржа републички турнир во шах на доктори.

Учество зедоа 11 доктори и 1 докторка од повеќе градови, а турнирот го отвори нивниот колега градоначалникот на Прилеп др. Борче Јовчески.

Во крајно неизвесна борба победничкиот трофеј со 9 поени од 11 партии го освои проф.др.Вело Марковски од Скопје, половина поен повеќе од второпласираниот др.Дејан Јанков, Третото место му припадна на др.Петар Каревски со 7,5 поени, колку што освоија и др.Мите Зафиров, др.Пеце Петрески и др.Благоја Дамески.

Се одигра и ревијален двомеч на екипата на докторите и екипата на ШК Прилеп на 6 табли при што убедлива победа извојува прилепскиот клуб со 23:13. Се на се прекрасен настан во нашиот град – информира Тони Кироски, претседател на ШК „Прилеп“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.