ВНИМАВАЈТЕ! ОПАСНА ЗМИЈА УБИЕНА ВО БЛИЗИНА НА КАСАРНИТЕ ВО ПРИЛЕП

Вознемирени граѓани од населбата во близина на касарните во Прилеп не информираа за појава на поскоци во близина на нивните домови.

Змијата која била убиена пред двор од семејна куќа на улицата “Целе Павлоски” е од видот поскок, за кои е познато дека се доста отровни и опасни.

Граѓаните на оваа населба алармираат на претпазливост, особено поради тоа што ваквите змии можат да предизвикаат несакани последици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.