ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ЗОШТО РОНАЛДО ГО НАПУШТИ РЕАЛ И ПОТПИША ЗА ЈУВЕНТУС (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо веќе и официјално е играч на Јувентус. Трансферот кој беше шпекулација минатата недела, излезе дека е вистина.

Медиумите ширум светот го објавија трансферот на најдобриот играч во светот, за кого Јувентус ќе биде четврт клуб во кариерата.

Според она што веќе го пишуваат најпознатите спортски медиуми причините за разделбата на Роналдо со Реал се различни, но се вели дека после годинешното финале во Лигата на шампионите, Роналдо вршел притисок врз клубот за зголемување на платата, за да ја отплати казната од 21 милион долари која му ја изрекоа даночните власти во Шпанија.

Но, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се согласил со тоа и му соопштил на тренерот Зидан дека Роналдо би можел да го напушти клубот.

Лут на тоа, Зидан му рекол на Перез дека во тој случај заминува и тој.

Според она пак што го пишува шпанскиот весник “Марка”, пресудно за преселбата во Торино биле аплаузите кои му ги дале навивачите на Јуве, кога во годинешното четвртфинале од Лигата на шампионите Роналдо постигна гол со ножички на стадионот во Торино.

Роналдо бил трогнат од таа сцена и рече дека тоа е посебен момент за него.

Овие две причини се споменуваат како клучни за одлуката на фудбалерот кој ќе потпише четири годишен договор и ќе заработува по 30 милиони долари по сезона.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.