Виртуозот Пеце Атанасовски ја свирел гајдата во “Липе цвату” на Бијело Дугме

Малкумина знаат дека свој печат во осмиот албум на една од најпознатите екс ЈУ групи “Бијело дугме”, има и виртуозот на гајда од прилепско, Пеце Атанасовски.

Албумот кој излегол во 1984 година и е познат како “Косовска девојка” е во издание на дискографската куќа “Дискотон” и е сниман во студијата на РТВ Скопје, РТВ Загреб и РТВ Сараево.

На него се наоѓаат 10 песни, а една од нив е и легендарната “Липе цвату”, за која гајдата е дело токму на Атанасовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.