ВИДЕО – “Duo Voice” на прилепчанецот Денис Димоски сними нов фантастичен кавер

1

“Duo Voice”, музичкиот склоп на прилепчанецот Денис Димоски и Дино Хриџиќ, го објави своето второ кавер видео во кое на фантастичен начин се вклопени популарните хитови “Stitches” на Шон Мендес и “Wrecking Ball” на Мајли Сајрус.

Претходно двајцата студенти на Музичката академија во Скопје, објавија и кавер за песната “Hello” од Адел, што исто така звучеше неверојатно.

Инаку Денис и Дино се дел од проектот за улични музичари на општина Центар во Скопје, а Денис на публиката и е познат и по настапите и долгиот пат во ТВ шоуто “Пинкови Ѕвезди”.

Во продолжение  уживајте во новото видео на “Duo Voice”:

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.