(ВИДЕО) Сите се прашуваат каде се руските хулигани – одговорот го знае Владимир Путин !

Претседателот на Русија Владими Путин ги натерал хулиганите да потпишат “заклетва” дека ќе ги поштедат странските навивачи за време на Светското првенство во фудбал.

Член на една од најголемите руски навивачки групи, откри дека хулиганите морале да ветат дека нема да бидат вмешани во насилство, објавија британските медиуми.

– Ги предупредија сите кои може нешто да организираат. Од хулиганите земаа изјави и бараа ветување дека не планираат да организираат или прават било што на Мундијалот. Сериозна работа е завршена. Знам луѓе кои ги потпишаа овие документи – го пренесе разговорот со рускиот извор британскиот весник “Мирор”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.