(Видео) Се случи повторно: Симпсонови предвидоа денешен настан во епизода стара 27 години

Низ годините популарната серија „Симпсонови“ предвиде голем број настани, меѓу кои избирањето на Доналд Tpaмп за претседател на САД и коронавиpyc пандемиjaта.

Сега се појави уште еден случај, за кој фановите за „Симпсонови“ тврдат дека во популарната серија истиот е обработен во епизода пред 27 години.

Имено, градоначалникот Стив Адлер од Остин, Тексас е мета на критики откако тајно заминал на одмор во Мексико, додека во исто време ги повикал граѓаните да останат во своите домови поради кopoнавиpycoт.

Адлер со приватен авион заминал заедно со група пријатели во едно одморалиште во Мексико, а подоцна објавил видео заканувајќи се дека ќе воведе карантин доколку жителите на Остин не се придржуваат до мерките.

Изгледа серијата предвидела речиси идентична ситуација пред 27 години, кога градоначалникот Квимби заминал на одмор сред пандемиja.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.