(ВИДЕО РАМОС ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО СО НОВ СКАНДАЛОЗЕН ПОТЕГ: Англичаните бесни на Рамос за намерното газење на Стерлинг

По кој знае кој пат, Серхио Рамос се најде на насловните страници поради неспортски потег на еден натпревар.

Во вчерашниот пораз од Англија, дефанзивецот на Шпанија и Реал Мадрид намерно згазна врз ногата на Рахим Стерлинг. Осудата од англиските медиуми беше неминовна, со оглед на историјата на Рамос и неговите слични испади на фудбалските терени.

Фудбалерот на Манчестер Сити беше стрелец на два од трите гола со кои Англичаните се радуваа на трите бода во Севиља.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.