(ВИДЕО) МАКРОН ОБЈАВИ ВИДЕО ОД РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН: Слушнете како му се обраќа на својот руски колега

Францускиот претседател Емануел Макрон не му персира на претседателот на Русија Владимир Путин, а тоа може да се слушне на видео снимката која беше објавена на Твитер по наредба на францускиот претседател.

Ова кратко видео е направено за време на летот за Австралија, каде Макрон има тридневна посета, а на видеото се слуша како францускиот претседател со својот руски колега разговараат како цел живот да се познаваат, пишуваат француските медиуми.

“Фала Владимире што го прифати мојот повик. Сакав, всушност, да разгварам со тебе за …”, го започна разговорот Макрон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.