(Видео) Купил стара куќа полна со ѓубре, а во неа пронашол богатство: Ретки монети, скапа облека и накит, а за себе задржал само еден предмет

Кога ја купил куќата полна со прашина, кутии и ѓубре, Алекс Арчболд од Канада не можел ниту да претпостави дека ја направил најдобрата инвестиција во животот.

Имено, Арчболд кој се занимава со собирање на антиквитети, го купил домот на пokojната учителка Бет-Џоан Pak. На почетокот, се надевал дека ќе пронајде стар клавир.

Трговецот на антиквитети сними што пронашол во куќата, а вкупната вредност на предметите се проценува на околу 400.000 долари.

Иако неколку години ја познавал госпоѓа Pak, никогаш претходно не влегол во куќата. Сепак, одлучил да ризикува и да ја купи.

Меѓутоа, се изненадил кога видел колку многу кутии и ѓубре има во куќата. На прв поглед изгледало како да се работи за дом на луѓе кои имаат “хрчак синдром”.

“Не знаев дека ексцентричната учителка по клавир е всушност милионерка”, вели Алекс.

Додека тој и неговиот тим макотрпно ја прекопувале секоја соба, откриле монети, вклучувајќи и сребрен долар од 1920-тите.

“Нашите најимпресивни откритија вклучуваат новчаник полн со кеш, сребрена полуга од 2.8 килограми и вреќа полна со златни и дијамантски прстени”, вели тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.