(ВИДЕО) ИБРАХИМОВИЧ НА ПРАГ НА ШОКАНТЕН ТРАНСФЕР: Златан го напушта Лос Анџелес и заминува во овој клуб !

Златан Ибрахимович, еден од најатрактивните фудбалери на сите времиња е пред заминување во египетскиот клуб Пирамидс.

Златан, кој следниот месец полни 37 години, одлучил да го напушти Лос Анџелес и да премине во Египет.

Според пишувањето на весникот “Рекорд”, Златан би можел да се пресели во Египет на крајот на сезоната во МЛС лигата. Како што пишува овој весник, Златан добил зелено светло за трансфер, се чека само негова потврда.

Клубот од Египет во моментов се наоѓа во одлична финансиска ситуација и се верува дека се способни да ги исполнат сите услови на атрактивниот Швеѓанец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.