Видео – Доста тензичко на македонско – грчката граница

ccx-ywcxiae00t3 (1)

По обидот на неколкуте илјади бегалци да ја пробијат заштитната ограда кај граничниот камен 59 на Гевгелија, од утринава специјалните единици на МВР испалија три димни бомби и солзавец, јавуваат волонтерите од ПТЦ Гевгелија.

Како што соопштија, бегалците утринава, заглавени веќе неколку дена кај Идомени, тргнале кон македонска страна од каде преку оградата започнале да маваат кон полицијата со камења, на што било возвратено со димни бомби и солзавец.

Границата е затворена за секаков премин на бегалците, а откако утринава дојде до протест и обид за насилно влегување на неколку илјада бегалци кои со денови чекаат на Идомени. Засега, ситуацијата е мирна, додека на грчка страна не е забележано видно присуство на полицијата

Ситуацијата не е променета на ПЦ Табановце каде вчера беа регистрирани 790 бегалци од Авганистан, Ирак и Сирија кои со денови заглавени на преминот, чекаат конкретен одговор за тоа што ќе се случи со нив, и дали ќе може да го продолжат патот кон ЕУ или ќе бидат вратени во Грција, т.е во матични земји.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.