(ВИДЕО) Го исфрлиле од авионот бидејќи стјуардесите немале каде да седнат

Screenshot_14-4

Патник во авион на американската компанија “United Airlines” насилно е исфрлен од од летот Чикаго-Луисвил кој бил презафатен, откако одбил доброволно да излезе.

Инцидентот кој се случил во неделата ги шокираше патниците, а тие сето тоа го снимиле и поставиле на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како полицајците присилно го извлекува од авионот и го влече по подот. Патникот кој одбил да го напушти авионот бил лекар кој требало да стигне на работа следното утро.

Од “United Airlines” тврдат дека летот бил пребукиран и дека побарале помош од полицијата да им помогне откако патникот одбил доброволно да излезе.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.