(ВИДЕО) ВИСТИНСКИ ХОРОР! Наркоманско дувло и змијарник во близина на прилепската болница – прилепчани со апел местото да се среди!

Старото заразно одделение на прилепската болница “Борка Талески” е црна точка во Прилеп.

Местото е збиралиште на зависници, а околината наликува на змиско гнездо.

Проблемот е подолгорочен, но се чини сега состојбата е најалармантна.

Објектот се наоѓа на само неколку метри од болницата, а голем број луѓе секојдневно поминуваат покрај него.

Прилепчани речиси секој ден апелираат преку социјалните мрежи надлежните да го решат овој проблем и ова грдо место да се среди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.