(Видео) Вистината за професорот од Харвард кој беше уапсен од ФБИ поради соработка со Технолошкиот институт Вухан

Уапсен е професорот од универзитетот Харвард, Чарлс Либер (60) и еден кинески државјанин.

Во медиумите се појавија информации дека тој е виновникот за појавата на коронавирусот, дури се тврдеше дека тоа е и официјално објавено од ФБИ.

Вистината е дека обвинителите изјавиле дека Либер имал договор со Технолошкиот институт во Вухан, Исто така дека водел група која имала договори со Министерството за одбрана и Националниот институт за здравје. Федералните агенти изјавија дека Либер лажел за своите врски со Кина кога давал изјави за тие договори.

“Изгледа дека Кина му платила на Либер стотици илјади долари за негово учество во кинеските експерименти и за неговата истражувачка работа”, изјави американскиот обвинител за Масачусец, Ендрју Лелинг.

Либер е уапсен во канцеларијата на универзитетот Харвард, а потоа е ставен на административно отсуство. Тој нема да може да учествува во наставните или истражувачките работи, соопштија од универзитетот.

Другото обвинение е подигнато против кинескиот државјанин кој работел како истражувач на универзитетот во Бостон. Лелин рече дека Јангинг Ји е поручник во кинеската армија, но дека тоа не било откриено кога барал американска виза. Во овој момент се наоѓа во Кина и не е уапсен.

“Претресот на неговите електронски уреди покажа дека Ји земал информации за Народоослободителната армија од двајца американски државјани со експртиза во роботика и пресметувачка наука”, рече Лелинг.

Третиот обвинет е кинески државјанин, Заосонг Зенг, кој имал спонзорства во Харвард и работел како истражувач во медицинскиот центар Бет Исраел Диконес. Наводно во декември бил фатен на аеродромот Логан, при обид за криумчарење на биолошки материјал од државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.